Пендаровски – Столтенберг: НАТО да продолжи со поддршката на Украина за стабилизирање на ситуацијата во евроатлантскиот простор

news
Advertisement

Соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот, биле теми на телефонскиот разговор на претседателот Стево Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Advertisement

Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија, како членка на НАТО, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодарил за поддршката што Република Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласиле дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.