Пензионерите незадоволни, ќе ги радикализираат протестите за повисоки пензии!

news
Advertisement

Иницијативниот одбор на групата незадоволни пензионери од Делчево на денешниот состанок донесе одлука за продолжување на протестите во врска со неостварените барања за линеарно покачување на постоечките пензии.

Advertisement

За таа цел на 1-ви ноември годинава најавија радикализирање на протестите со масовен протест пред просториите на Основниот Суд во Делчево.

Протестите ќе ги радикализираме со блокирање на Меѓународниот пат кој поминува во близина на судот. Сметаме дека само на тој начин ќе го свртиме вниманието на оние кои се задолжени да ги слушнат нашите барања, кои се исти како и претходно, а тоа е, пред се, линеарно зголемување на пензиите и утврдување повисок праг за најниска минимална пензија која нема да ги деградира пензионерите со ниски примања, истакнаа од Иницијативниот одбор на групата незадоволни пензионери од Делчево.

На протестот како што додадоа ќе побараат ослободување од плаќање на здравствени услуги за најзагрозената категорија пензионери, а предлагаат и доделување социјални пакети на ранливите категории пензионери.

Целта на ваквата одлука, како што додадоа е поради неостварувањето на нивните барања и минималното покачување на пензиите кое пензионерите го добија со исплатата на последната пензија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.