Пензионерите не се откажуваат од своето барање, продолжуваат со протестите, најавуваат и радикализација доколку се нема слух за нив

news
Advertisement

Пензионерите не се откажуваат од своето барање за линеарно покачување на нивните примања. Најавуваат продолжување на протестите но и нивно радикализирање доколку се нема слух за нив, пренесува Телма.

Advertisement

Најавуваат дека со шатори ќе излезат пред институциите, а нивните барања ќе ги достават и до амбасадите во земјава но и до ЕУ. Велат дека доколку се продолжи со игнорирање на ваквото нивно барање за зголемување од 5.000 денари во иднина ваквата сума може да порасне.

Покачувањето од 600 денари кое го добиле за месец септември велат дека е под секое достоинство и само залажување, а мерките кои ги најавува министерката тренчевска не ги прифаќаат бидејќи како што велат додека бидат донесени инфлацијата ќе ги изеде парите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.