Пензионерите од Тетово со протести и блокади: Ако нема покачување на пензии нека ни ја пратат храната од бифето во Владата

news
Advertisement

Тетовските пензионери и денеска го блокираа влезот на градот и побараа линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари и минимална пензија од 20. 000 денари. Велат дека власта сосема ги заборавила пензионерите кои за прв пат по осамостојувањето излегуваат на протести.

Advertisement

„Да се добие подостоинствен живот на пензионерите кои се запоставени. Многу се ниски пензиите и преку овие протести ги бараме нашите права. Од работната група која работи на создавање на услови и разгледување на барањата се уште нема резултати, до крај на месецот ќе излезат со став. А од социјалните мрежи читав премиерот вели дека со закон ќе се регулира минималната пензија, но ние бараме линеарно покачување“, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери Тетово.

Пензионерите апелираат, владините министри да ги извадат розевите наочари и да ја погледнат вистинската слика и скапотијата низ државата.

„Министерката, премиерот и претседателот да излезат и да го видат овој народ, да ги видат пензионерите. Тие се главни за сите, како татко на сите деца, Ако ги пуштат на улица, значи дека не се способни. Пари има, нека не не лажат. Нека седнат, нека ги решат проблемите на пенизионерите.Цело Скопје ќе го блокираме. Се чека ден и датум. Шест отсто е малку, мора да има за сите за да живеат. Во оваа скапотија не се излегува на крај. Ако не, нека ни ја пратат храната они таму во Собрание и Влада што ја јадат, по 30 денари бифтеците. Нека ни ја пратат на нас пензионерите тука.Нека ја поделат низ цела Македонија, а они нека плќааат по 100 евра да ги видиме“, изјави пензионерката Летка Мишовска.

„Во бифе на Владата има најниски цени, за нив, а за нас не. Нека ги извадат тие розеви наочари. Да го видат овој народ кој гладува и мизерува. Оставка за Станка и Тренчевска“, изјави пензионерката Ленче Симовски.

Пензионерите велат дека се до исполнувањето на нивните барања ќе организираат протести и блокади.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.