Пензионерите ја имаат целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни нивните очекувања

news
Advertisement

При денешната посета на општина Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што пензионерите протестираат за своите пензии, а власта вели дека нема простор за решение, истакна дека очекува власта да се вразуми во однос на барањата на пензионерите и потенцира дека пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Власта вели дека нема простор за договор затоа што потроши 200 милиони евра, а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект и тоа се пари кои завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка. Очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и на пензионерите“, нагласи Мицкоски.

Извор: https://netpress.com.mk/penzionerite-a-imaat-celosnata-poddrshka-od-vmro-dpmne-vlasta-da-se-vrazumi-i-da-gi-ispolni-nivnite-ochekuva-a/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.