Пепко Германија моментално управува со 64 продавници низ Германија, со фокус на источниот дел од земјата. По влегувањето на пазарот во 2022 година, германската мрежа се соочи со предизвици и нееднаков развој и моментално работи со вкупна загуба.
– Целта на започнатата постапка е да се реорганизира бизнисот на Пепко Германија со цел подобро да се прилагоди на германскиот пазар и да се позиционира за долгорочен успех. Постапката ќе ја води самата компанија, и важно е да се нагласи дека сите продавници ќе останат отворени до понатамошно известување и ќе продолжат да примаат нови колекции – соопшти Пепко.
Групацијата Пепко, како акционер, изјави дека е подготвена да го поддржи процесот на реструктуирање и да обезбеди финансирање за време на постапката.
Детали читајте на Фактор тука.