Петгодишнина од изгласувањето на „Северна“ наспроти референдумот за името

news
Advertisement

На 11 јануари 2019 година Собранието со 81 глас „за“ ги усвои уставните амандмани за преименување на Република Македонија со додавање на географската одредница „Северна“ наспроти јасно изразената волја на македонските граѓани искажана со масовниот бојкот на пропаднатиот референдум за името од 30 септември претходната година.

Advertisement

Потребното двотретинско мнозинство го обезбедија сите пратеници од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ, но пресудија гласовите на осумтемина одметнати пратеници на опозицијата Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска-Старова, Зекир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ.

На седницата не присуствуваа останатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги исклучи од членство седумтемина што гласаа, прекршувајќи го партискиот став против промената на името на македонската држава.

„Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели за да ги поддржат уставните измени. Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници, кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име. Македонија станува окупирана држава од луѓе коишто се на власт и на сила го менуваат името!”, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија“ и официјално замина во историјата како име на државата на 12 февруари 2019 година.

ИЗВОР. https://www.expres.mk/petgodishnina-od-izglasuvanjeto-na-severna-nasproti-referendumot-za-imeto/?fbclid=IwAR23A6PhjZS4rYhwygndyotHXXzt-GTxR3EfOGywLZi0ON5Isgpp4_-Em5U

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.