Петгодишно девојче исчезна од градинка во Кладово, цела Србија е на нозе

news
Advertisement

Од градинка во српскиот град Кладово во источниот дел од земјата, утрово околу 10 часот исчезнало петгодишното девојче Нина Анѓелиќ, кое сѐ уште не е пронајдено, а полицијата и стотици локални жители брзаат да ја пребараат секоја педа од градот, пред да се стемни, јавуваат српските медиуми.

Advertisement

Ја однесов утрово во градинка и сѐ беше нормално. Таа беше облечена во светло розова јакна. Околу 10 часот ми се јавија наставниците. Бев на работа. Ми кажаа дека моето дете го нема. Нејзината група деца биле во дворот и кога влегле внатре, наставниците утврдиле дека моето дете го нема. Во паника се упатив кон градинката. Оттогаш го пребаравме цело Кладово и ништо“, низ солзи раскажува вознемирената мајка и додава дека никој од градинката со часови не и се јавува на телефон.Нина има речиси пет години, но според нејзината мајка, девојчето слабо комуницира со другите деца и со возрасните. Дворот на градинката е ограден, но не и заклучен. Никому не е јасно како малото девојче можело незабележано да излезе.

Родителите повикуваат: доколку некој го види девојчето, веднаш да повика полиција.

„Аларм за цело Кладово! Итно! Исчезна мало девојче. Руса коса врзана во опавче, шишки, розова јакна. 5 години. Не зборува, ако го видите, јавете се на 192“, пишува во објава која кружи на социјалните мрежи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *