Пет најмрачни машки сексуални фантазии – никогаш нема да ви ги признаат

news
Advertisement

Машките сексуални фантазии речиси секогаш подразбираат секс со две жени, орален секс или доминација.

Advertisement

Сепак, машкиот ум е многу поинтересен и поразновиден од она што го претставуваат разните статии како стандардни машки фантазии. Од друга страна, фантазиите и постојат како бегање од реалноста.

Ви ги претставуваме петте хетеросексуални машки фантазии кои ретко се наоѓаат на листите од овој тип, а кои ретко ќе ги слушнете и како признание од страна на мажите, бидејќи дел од нив едноставно сè уште се табу.

1. Изневерување
Иако ретко се спроведува на дело кое главно значи и крај на врската или бракот, поголемиот дел од мажите барем еднаш се препуштиле на фантазијата каде зад грбот на својата понежна половина уживаат во телото на некоја друга жена која и не мора да ја познаваат. Оваа фантазија всушност е продолжена верзија на забранетитот секс кој може да се „проба“ во спалната соба без потреба за изневерување – давањето улоги.

2. Предавање
Иако мажите се љубители на чувството на доминација, особено на онаа за време на сексуалниот чин каде поубавиот пол (со согласност) е подреден на неговиот желби, на другата страна на медалот е и онаа мисла во нивниот памет каде мора да постои и желба за дијаметрално спротивно искуство. Ситуацијата каде жената доминира и наредува за време на сексуалниот чин е честа фантазија која тешко ја признаваат мажите на глас.

3. Гледање
Мажите се визуелни суштества кои едноставно обожаваат да го набљудуваат сексуалниот чин. Ова е премисата на целата порноиндустрија, но и премисата на сексуалните фантазии кои срамежливо се манифестираат од пубертетот. Оваа фантазија може да се реализира во вид на снимање или фотографирање на сопствениот сексуален чин со согласност со партнерката, но и во вид на набљудување на туѓ сексуален чин во кој мажот во согласност со учесниците е само пасивен гледач.

4. Поинаков секс во тројка
Од претходните фантазии е создадена ултимативна и воедно најмрачна верзија – набљудување на партнерот во чин со друг маж со евентуално учество. Иако на прв поглед оваа фантазија звучи одбивно и го допира страшниот свет на агресивна љубомора, психолозите всушност ја објаснуваат како вид на лична катарза во која мажот се ослободува од посесивноста додека прифаќа неговата партнерка да доживее свој вид на секс во тројка. Накратко, еднаквост на половите до крајни граници.

5. Секс со пријателка
Иако фантазијата под број четири спаѓа во групата на оние кои можеби се спомнуваат најретко, сепак постои фантазија која игра улога на јавна тајна – секс со пријателка или пријателки. Оваа фантазија не е негација на пријателството, но мажите остануваат мажи. Дури и ако пријателството никогаш не прераснува во нешто повеќе, секогаш ќе постои фантазија чие признание може да го уништи долгогодишното познанство и кое најдобро е да го задржите за себе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.