Пет средношколци освоја трето место во роботика, во конкуренција од 180 земји

news
Advertisement

Горазд Петковски, Виктор Ванчов, Горјан Анѓушев, Горијан Стаматовски и Јаков Спировски се петмината средношколци кои освоија трето место на меѓународниот натпревар по роботика во олимписки стил кој се одржа во Женева.

Advertisement

Студентите беа под менторство на Алма Кецап која е инженер за телекомуникации и Ален Куљеван електро инженер.

Меѓународниот натпревар се одржува секоја година во различни земји, и има за цел тимовите кои се пријавуваат да создадат и програмираат робот. Тимовите работат заедно за да ги завршат задачите во игра. Македонија го освои третото место во конкуренција од 180 земји.

Горазд, Виктор, Горјан и Јаков се ученици во гимназијата „Георги Димитров“, додека Горијан е ученик во гимназијата „Никола Карев“, но сите го претставуваа тимот на Македонија во Женева.

Петковски има за цел во предизвикот да научи повеќе за роботиката и како секој дел од роботот функционира и како тие работат во хармонија. Тој се стреми да биде развивач на игри или специјалист за роботика.

Ванчов, пак го сака програмирањето. Стаматовски има интерес за технологијата, кодирањето и видео игрите. Анѓушев е главен инженер на тимот и исто така специјалист за развој на роботи. Додека Спировски сака да кодира, поточно да развива на Андроид и Јава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.