Пожар во близина на фабриката Тесла во Берлин

news
Advertisement

Пожар зафатил електричен столб во близина на фабриката Тесла во Берлин, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во тој дел од градот, соопшти денеска полицијата.

Advertisement

Портпаролот на берлинската полиција одби да ги коментира извештаите на германскиот весник БЗ, според кој пожарот го подметнале еколошки активисти.

Весникот, исто така, наведува дека биле повикани единици за отстранување бомби откако службите за итни случаи пронашле знак на кој пишувало дека оружје е закопано на местото.

Полицијата соопшти дека противпожарната единица работи на гаснење на пожарот на поле во областа југоисточно од главниот град на Германија, додавајќи дека пожарот не се проширил на фабриката Тесла.

Компанијата Тесла исто така не ги коментираше тврдењата на весникот дека производителот на електрични возила Gruenheide бил принуден привремено да ја прекине работата.

Компанијата на бизнисменот Илон Маск, која произведува околу 500 илјади автомобили годишно, наиде на блокада кога жителите го одбија предлогот да се сечат дрвја за да се прошири просторот на фабриката. мс/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.