Пожар во дом за стари лица во Србија, загинаа двајца пензионери

news
Advertisement

Уште едно лице го загуби животот во пожарот што избувна во дом за стари лица во Мали Мокри Луг, па бројот на жртвите се искачи на две.

Advertisement

Животот го загубија И.М.(82) која починал во домот и бабата П.Д.(92) која починала на пат кон болница, објави Телеграф.

Припадници на Одделението за вонредни состојби на МВР за 7 минути го локализирале пожарот кој избувнал на улицата Партизанска бр.34 од зградата на домот за стари лица во Мали Мокри Луг.

27 пожарникари-спасувачи од ВСЈ Вождовац и ВСЈ Звездара со 8 возила, пребарувајќи на местото на пожарот кој целосно зафати една просторија на 3-ти кат, пронашле една жртва, додека другото лице кое било пронајдено , е предадено на екипите на итната помош, по што починало.

Според првичните информации, пожарот избувнал во соба. На местото на настанот први пристигнале полициски службеници од Звездара.

Улицата каде што се наоѓа домот е затворена, автобуси не сообраќаат

Извор. https://kanal5.com.mk/pozhar-vo-dom-za-stari-lica-vo-srbija-zaginaa-dvajca-penzioneri/a616203

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.