Advertisement
Вчера пожар избувнал во битолскиот затвор при што со повреди се здобил триесет и тригодишен осуденик.
„Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во една просторија во Казнено – поправната установа Затвор Битола во с.Горно Оризари, битолско, настанал пожар при што со повреди се здобил осуденикот Т.К.(33) од Битола“, информираат од МВР.
Advertisement
Advertisement