Пожар избувна во фабрика во Горно Седларце, 35-годишник со повреди пренесен во болница

news
Advertisement

Вчера во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во фабрика во тетовско Горно Седларце, покрај автопатот Гостивар-Тетово.

Advertisement

Вработен во фабриката С.И.(35) од Боговиње, при гаснењето на пожарот, се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Опожарени се суровини за производство и дел од опремата на фабриката, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран.

Увид извршила полициска екипа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.