Пожар остави поголем дел од Тетово без струја

news
Advertisement

Скоро два часа голем дел од тетовското градско подрачје беше без снабдување со електрична енергија. Прекинот од 16 до 18 часот според компанијата Електродистрибиција бил направен по барање на Територијалната противпожарна единица, а со цел да се изгасне пожар и да се спречат поголеми проблеми.

Advertisement

Дел од тетовското градско подрачје попладнево имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија по итно барање на противпожарните служби со цел да се спречи поголема несреќа бидејќи во одредена локација настанал пожар. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на лице место, информираше Вјоса Селими портпарол на Електродистрибуција.

По надминување на ситуацијата, според Електродистрибуција, снабдувањето со електрична енергија е повторно нормализирано.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.