Познавање на „северномакедонски мајчин јазик“ како критериум на еден од огласите за вработување од „Бехтел и Енка“, предочи ИДЧПД

news
Advertisement

Огласот во целосен ПДФ-формат беше достапен на онлајн-платформата за огласи за вработувања Кариера.мк, но по околу еден час од објавувањето на реакциајта на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет, тој беше избришан и повеќе не е достапен на нивната веб-страница

Advertisement

На еден од огласите за вработување објавени од американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој е ангажиран од Владата за изградба на делниците од коридорите 8 и 10-д, во критериумите кои треба да ги поседуваат кандатите, меѓу другото, стои познавање на „северномакедонски мајчин јазик“.

Ова денеска го предочија од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет (ИДЧПД), од каде потенцираа дека употребата на формулацијата „северномакедонски мајчин јазик“ наместо македонски јазик е протизаконска.

„Бараме одговор од македонската Влада и фирмата ‘Бехтел и Енка’, зошто на огласот за вработување за работното место ‘Водач за односи со јавноста’ е наведен официјалниот јазик на земјата како ‘северномакедонски мајчин јазик’, а не македонски, согласно Закон? Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како ‘мајчин јазик на Република Северна Македонија’ и зошто во огласот за вработување од ‘Бехтел и Енка’, македонската верзија е последна, по англиската и албанската?“,велат од Институтот во писмената реакција испратена до медиумите.

Албанската верзија на огласот за позицијата „Водач за односи со јавноста“ објавен од „Бехтел и Енка“

Од Институтот посочуваат дека огласот е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или коригиран.

Се работи за оглас кој конзорциумот „Бехтел и Енка“ го има објавено за позицијата водач за односи со јавноста поврзан со проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д.

Огласот во целосен ПДФ-формат беше достапен на онлајн-платформата за огласи за вработувања Кариера.мк, но по околу еден час од објавувањето на реакциајта на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет, тој беше избришан и повеќе не е достапен на нивната веб-страница.

ИЗВОР: https://libertas.mk/poznava-e-na-severnomakedonski-ma-chin-azik-kako-kriterium-na-eden-od-oglasite-za-vrabotuva-e-od-behtel-i-enka-predochi-idchpd/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.