Познатиот македонски новинар БУКВАЛНО ја „растури“ вчера водителката на утринската програма на Сител

news
Advertisement

Тимчо Апостолов беше еден од последните уредници на „Екран“. Некогаш водител, подоцна новинар, публицист, последните години се до крајот од „работниот мандат“ уредник на најпознатата ревија. И по пензионирањето остана остар критичар на она што го нуди еснафот во било која форма, очигледно се’ до денес.

Advertisement

Последниот пример најдобро покажува дека ништо не може „да му се поткрадне“, а тој тоа да не го забележи. Она што Тимчо најмногу деновиве „го изиритира и налути“ очигледно е утринската програма на ТВ Сител – „Ја сакам Македонија“, односно нејзината актуелна уредничка Елена Стојановска – Јанковска, овој пат во улога на ТВ водителка.

Поточно нејзината утринска најава која некогашниот уредник на „Екран“ „буквално“ го „извади од папучи“, па овој уредничката на утринската „буквално“ ја „растури“… на својот Фејсбук профил!

Имено, на Тимчо му пречел нејзиниот начин на изразување и сиромашната понуда на зборови во вокабуларот на водителката, која според него постојано повторувала еден ист збор – „буквално“ и по неколку пати во една иста реченица?! Апостолов ова не можел да и го прости на Елена и да го премолчи, па решил јавно да ја сподели критиката на смека на „говорните можности“ на водителката, на социјалните мрежи.

Така на својот Фејсбук профил Тимчо Апостолов и „буквално“ во писмена форма и го „плеснал в лице“ на актуелната уредничка она што му пречело во нејзината утринска најава:

„Денес ( четврток – 23 ноември) , водителката на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, во најава од пет реченици, пет пати го употреби зборот “БУКВАЛНО“.Тоа беше маестрална најава…..Не знам колку ученици на некој испит успешно би ја решиле задачата да состават пет реченици со зборот “БУКВАЛНО“?
Ќе ја парафразирам нејзината најава ; На улиците во Скопје а посебно на тротоарите , БУКВАЛНО владеат посебни правила.Сигурно сте забележале дека троторарите БУКВАЛНО се окупирани од паркирани возила, дека минувачите БУКВАЛНО се мачат да минуваат, дека со оваа БУКВАЛНО грда глетка се соочуваме секојдневно …За овој БУКВАЛНО голем неред ќе ве информираме во следниот прилог…
Така , ние гледачите добро и БУКВАЛНО бевме информирани за овој БУКВАЛНО голем проблем во Скопје. Ама јас БУКВАЛНО се препотив кога ми дојде мислата: Како водителката ќе ја реализираше најавата, ако во тој момент не се сетеше на зборот БУКВАЛНО?“

Буквално или брутално, некогашниот уредник на „Екран“ го кажал своето… Или поточно, она што го мислел – го напишал! Како уредничката и ТВ водилката на утринската на ТВ Сител ќе ја доживее критиката, и дали ќе има реакција на истата, останува на неа!?

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.