Познатиот пејач на Гранд загуби четворица членови од семејството во масакрот во Цетиње

Познатиот пејач на Гранд загуби четворица членови од семејството во масакрот во Цетиње

news
Advertisement

Advertisement

Пејачот Дарко Мартиновиќ кој е родум од Цетиње за српски Телеграф се огласи по веста дека е во крвно сродство со убиените близнаци Марко и Милош. Тој ја потврди веста и откри дека неговиот вујко и тетка исто така се убиени во масакрот. „Бев дома, решив првпат да не работам за најлудата ноќ, туку да бидам со брат ми и семејството. Синоќа требаше да излеземе во град. Сепак, добивме страшни вести и веднаш се јавивме кај роднините и пријателите да дознаат нешто, знаете, во таа ситуација сите се изгубија. Тогаш дознавме дека се убиени нашиот вујко и тетка, како и нашите братучеди. Еден од убиените браќа има ќерка, а се надеваме дека снаата, која е ранета и е во критична состојба, ќе се спаси“, вели Мартиновиќ.

Advertisement