Познатиот рапер не сакал да настапи на Светското првенство во Катар, а му нуделе 8 милиони долари

news
Advertisement

Раперот Еминем одбил 8 милиони американски долари за да настапи на Светското првенство во фудбал во Катар минатата година, јавуваат американските медиуми.

Advertisement

Неговиот колега раперот Фифти Сент, откри дека имало понуда од 9 милиони долари за него и за Еминем, со кого настапуваше заедно на минатогодишното полувреме на Супербоул.

Тој би зел 1 милион долари, а преостанатите 8 милиони долари би завршиле кај хитмејкерот Еминем (Sing for the Moment).

„Поради нашето учество на полувремето на „Супербоул’, добив понуда за Светското првенство. Од таму рекоа дека имаат буџет од 9 милиони долари. „Јас ќе земев еден, а другите осум ќе беа за него“, изјавил раперот.

Тој се обидел да преговара со менаџерскиот тим на Еминем, но пејачот не сакал да настапи, изјави во емисијата Big Boy’s Neighborhood на радиостаницата „Риал 92.3“.

Фифти Сент додаде: „Тие рекоа дека пејачот нема да го направи тоа“.

Првенството се соочи со контроверзии поради тоа што се одржа во Катар, кој беше предмет на меѓународна осуда поради човековите права, вклучително и криминализација на хомосексуалноста.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.