Advertisement
Во тешка сообраќајна несреќа попладнево на автопатската обиколница околу Скопје кај Радишани, автомобил удрил велосипедисти, при што еден човек загина, а еден е повреден, соопшти МВР.
„Во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, по клучката Радишани во правец кон Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која автомобил „Мазда” со скопски регистарски таблички, управуван од Р.Р. (63) удрил во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на местото и А.П., кој е повреден и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.
Advertisement
Advertisement