ПОЛИТИЧКИ ДИЛЕТАНТ ОБУЧУВАН ВО ПОДЗЕМЈЕТО Хоџа од Беса упати тешки зборови за Артан Груби

news
Advertisement

Артан Груби е политички дилетант, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда, напиша Аријанит Хоџа на Фејсбук.

Advertisement

Аријанит Хоџа од Беса на Фејсбук упати силни критики кон вицепремиерот на Македонија, Артан Груби.

„Да седнеш на маса со Србија, која е главен сојузник на Русија, и да направиш регионална иницијатива како Отворен Балкан, каде што се заобиколува и ослабува меѓународната позиција на Косово, а во исто време да ги имаш на располагање бланко гласовите на албанската опозиција за евроинтеграциите (антируски) и да ја наречеш албанската опозиција деструктивен проруски фактор, тоа може да го направи само политички дилетант како Артан Груби, обучен во подземјето на поранешни шефови на тајните служби, кои се обидуваат да ја задржат власта само со дневна пропаганда“, напиша Хоџа.

Оваа реакција на Хоџа доаѓа по интервјуто на Артан Груби, во кое ја обвини македонската и албанската опозиција дека се усогласени и дека никој од нив нема свој индивидуален идентитет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.