Полицајка која го обезбедуваше Ковачевски стана конзул во Мелбурн, Австралија

news
Advertisement

Не е моја надлежност, да ме прашавте дали полицаец може да биде амбасадор, ќе ви одговорев бидејќи јас ги праќам јас ги враќам. Вака одговори вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за Алсат, на прашањето дали може полицајка од обезбедувањето на премиерот Димитар Ковачевски да стане конзул.

Advertisement

Елена Брајковска, членот на тимот што го обезбедува премиерот Димитар Ковачевски, е назначена за генерален конзул на Македонија во Мелбурн, Австралија. Нејзиното име беше споменато на седницата на Владата, која беше од затворен карактер. Бидејќи се работи за класифицирани информации, од Владата не потврдија дали за конзул е назначена Елена Брајковска, вработена во безбедносниот тим на премиерот, со овластување на секретарка. Од Владата кусо соопштија дека на отворената седница немало ваква одлука, пишува Алсат.

За ваков тип на кадровски прашања не е разговарано на отворена седница на Владата“, велат од Влада.

„Да не е осуден за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 6 месеци, за кривични дела поврзани со службени должности или за други кривични дела кои го прават неподобен за генерален конзул“, велат од Министерство за надворешни работи.

Практиката на назначување генерални и почесни конзули беше алармантна и пред неколку години, кога на високи дипломатски позиции во земјите членки на ЕУ и пошироко беа именувани луѓе без дипломатско искуство.

Извор. https://4news.mk/politsajka-koja-go-obezbeduvashe-kovachevski-stana-konzul-vo-melburn-avstralija/?fbclid=IwAR1e5dKU3QDbi2frQLsxpVax7QfJbR1F2gWHuz6nhov-j1xRTHS9LmETa7I

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.