Полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од страна на вооружена група

news
Advertisement

Неофицијално доцна синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи.

Advertisement

Лицето се здало во бегство, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото велат извори за Телма.

Од рано утринава се обидовме да добиеме детали за инцидентот од МВР но до сега од таму не добивме одговор дали имаат пријавено таков случај кај нив и за што всушност станува збор.

Извореите на Телма информираат и дека случајот не бил пријавен кај надлежните како и дека ова не е еинствен ваков настан. Одговори за ова денеска ќе побараме и од министерот Оливер Спасовски…

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.