Полициски протест во Кочани за поддршка на четворица суспендирани од ОВР Кочани

news
Advertisement

Со протестен марш до полициската станица во Кочани, членови на Независниот синдикат на полицијата денеска им дадоа поддршка на четворица суспендирани полицајци од ОВР Кочани.

Advertisement

„Малку ли налози напишавме годинава“, „Преземи мерки виновен- не преземи мерки пак виновен“ ова се дел од пораките испишани на транспараенти, а упатени до Министерот за внатрешни работи и раководната структура на ОВР-Кочани.

Едни на протест, а други во полицискиот кордон и ова се случи пред полициската станица во Кочани.

Независниот синдикат на полицијата побара да се преиспитаат случаите на нивните суспендирани колеги.

Според првичните информации полицајците се суспендирани при радар контрола, возачот го казниле за брзо возење, но не забележале дека возилото е со помината регистристација.

Денеска од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е и Независниот синдикат на полицијата, повикаа да прекинат неоснованите суспендирања од работа, како што се во Кочани, Битола, Тетово и други градови.

Од СВР Штип информираат дека полицајците се отстранети согласно Колективниот договор и поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за Гонење на организиран криминал и корупција.

„Ве информираме дека на 02.11.2022 при контрола од страна на старешинскиот кадар на ОВР Кочани е утврдено дека полициските службеници кои се товарат за стореното кривично дело не постапиле согласно законските прописи и по извршени консултации со надлежен Јавен обвинител, констатирано е дека постојат елементи на кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ – велат од СВР-Штип.

Поддршка на протестот на Независниот синдикат на полицијата дадоа и претставници на Полицискиот синдикат на Република Србија, како вработени и од Шумската, Судската и Затворската полиција, од специјалните полициски единици и пензионирани полициски службеници.

Викторија Јованова

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.