Полицијата го пронајде возилото од кое било пукано синоќа во Тетово

news
Advertisement

Полицијата го пронајде возилото од кое било пукано синоќа во Тетово

Advertisement

Возилото марка „фолксваген поло“ било пронајдено речиси три часа по пукањето на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка
Тетовската полиција преку соопштение информира дека возилото, кое било користено при синоќешното пукање на булеварот „Илинден“ во Тетово, било пронајдено доцна синоќа на патот Тетово-Попова Шапка. Возилото „фолксваген поло“ било украдено под закана со огнено оружје околу петнаесетина минути пред да биде пријавено пукањето во семејната куќа на булеварот.

„Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки, било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22:30 часот со закана со огнено оружје возилото било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од СВР Тетово.

За потсетување, вчера вечерта околу 23 часот на булеварот „Илинден“ во Тетово, М.Т. пријавил дека во неговата куќа било пукано од возило во движење. Повредени лица нема, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.