Полскиот премиер: Нема да преминеме на евра

news
Advertisement

Премиерот Матеуш Моравјецки рече дека замената на националната валута на Полска, злота, со евро ќе ја поттикне инфлацијата, која веќе е над 17%, и ќе им ги зголеми трошоците за живот на Полјаците.

Advertisement

Моравјецки тврди дека Хрватска, која премина на еврото на 1 јануари, доживува „хаос“ и цените достигнуваат „луди“ нивоа. „Тој хаос со цените во Хрватска треба да послужи како предупредување“, рече Моравјецки на прес-конференцијата.

Тој рече дека нивото на приход во Полска треба да се приближи до просекот на Европската унија пред земјата да почне да размислува за воведување на еврото. Просечниот месечен приход во земјава моментално е помалку од половина од просекот на Европската унија.

Полска се уште не одредила датум за преминување на еврото. Со општите избори кои треба да се одржат наесен и анкетите кои покажуваат дека владејачката десничарска коалиција би можела да ја изгуби контролата врз парламентот, Моравјецки го искористи ова прашање за да ја нападне опозицијата, велејќи дека ги „предупредува“ нејзините лидери кои се залагаат за усвојување на еврото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.