Скопје има многу посуштински проблеми со кои секојдневно се соочува и кои треба да ги реши, не е тоа украсувањето, рече во денешното утринско гостување на Слободен печат, директорката на НУ “Охридско лето” , Наташа Поповиќ.
Можеби требаше порано да се накити градот и да го добие сјајот на соседен Белград, но тоа и не е најголемиот проблем на главниот град, рече Поповиќ.
Таа истакна дека е родена во Битола, но животот го поминала во Охрид, па во Америка, а сега живее во Скопје од каде е нејзиниот сопруг и вели дека не може ниту да замисли да живее во друг град.
„Родена сум во Битола, татко битолчанец, мајка охриѓанка, сум пораснала во Охрид, потоа животот ме однесе во Америка. Срцето ми е пола за Охрид и Битола. Во Скопје живеам со моето смејство, маж ми е скопјанец. Не би можела да жевеам во друг град освен во Скопје. Во Скопје се случува се. Скопје е убав град, ете елката требаше да биде порано. Еден Белград е накитен пред еден месец, но не ми пречи до толку китењето, во Скопје најмногу ми пречи загадениот воздух. Во Скопје жевеам, сум се одлучила тука да живеам.Охрид е мојата душа, и фала му на господа што со работава ме врати во Охрид. Во Скопје би сакала да нема само загаден воздух и се разбира еднаш за секогаш да се реши сообраќајниот хаос“, вели Поповиќ.
Наташа Поповиќ веќе пет години успешно управува со кормилото на манифестацијата “Охридско лето”, a годинава се закити и со титулата жена на годината од областа на културата за 2023 година, во рамки на манифестацијата “Жени Претприемачки”.