ПОРАДИ ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ ПАЦИЕНТИ СЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ И НА ИНТЕРНО И НА ФИЗИКАЛНА

news
Advertisement

Заради зголемениот број на прегледи во Интернистичката амбуланта и заради зголемениот број на хоспитализирани пациенти со вирусни инфекции, Интерното одделение при клиничката болница во Битола привремено се проширува во одделот за Физикална медицина. Во моментот на дневна болница се 65 пациенти, додека 70 се хоспитализирани, а за едно деноноќие се прегледуваат од 80 до 90 пациенти, вели началничката на Интерното одделение при Клиничката болница Битола, д-р Елизабета Ивановска.

Advertisement

„После новогодишните празници се до денес зголемен ни е бројот на амбулантските прегледи на нашата интернистичка амбуланта. За едно деноноќие во текот на 24 часовно дежурство бројот на прегледи ни е од 80 до 90 прегледи, а со тоа зголемен ни е бројот на новопримени хоспитални болни, така што во текот на 24 часа имаме 10 до 15 новопримени болни, од кои 8 до 9 се со фебрилни состојби, тешко дишење, со кашлица со тешки бронхопневмонии. Заради тој наплив на тешки вирусни инфекции Интерното одделение привремено се проширува во одделот за Физикална медицина, обезбедена е 24 часовна смена и работиме со полн капацитет. Во моментот во Интерното одделение имаме околу 65 истории на дневна амбуланта и околу 70 лежечки односно хоспитални болни. Затоа едно од најоптеретените одделенија во Клиничка Болница е Интерното одделение. Работи со полн капацитет со 24 часовна смена како тука, така и во одделот за Физикална медицина, што значи пациентите се згрижени и мора да дадам јавно благодарност до целиот песонал коишто работиме со натпросечни и надчовечки сили“, изјави д-р Елизабета Ивановска специјалист интернист, субспецијалист пулмолог.

Прашавме на што се должи ваквата состојба?

„Во 80% е докажан вирусот на инфлуенца, многу малку сега е докажан вирусот на ковид, заради тоа што ние две години се штитевме од маските и овај вирус нашите организми веќе не го препознаваат. А исто така заради тоа што стационарниот дел во Инфективносто одделение е затворен, значи стационарниот дел работи Инфективно одделение амбуланта од 7 до 19 часот, а навечер и хоспитални болни доаѓаат и на Интерно одделение. Заради тоа имаме зголемен број на вакви хоспитални тешки вирусни инфекции“, рече др. Ивановска.

Упати апел до повозрасните лица и до хронично-болните пациенти:

„Да останат во своите домови, да не излегуваат надвор без потреба и да не се групираат со цел да ја избегнат оваа ситуација како не би имале здравствени проблеми“, вели д-р Ивановска.

Вообичаено грипот е најизразен во месеците јануари и февруари. Потоа се очекува состојбата да се нормализира.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *