Поради технички проблеми запрени возовите на северот на Германија, германски железници сметаат дека е саботажа

news
Advertisement

Возовите утринава привремено беа запрени во поголемиот дел од северна Германија поради технички проблем во комуникацијата, соопшти националниот железнички оператор.

Advertisement

По повеќе од два часа од објавувањето на проблемот, железничката компанија Дојче Бан соопшти дека дефектот на дигиталниот радиосистем во возовите е решен, но дека допрва може да се очекуваат прекини.

Претходно компанијата објави дека возовите се запрени во северозападните држави Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Долна Санксонија и Бремен. Тоа значеше дека привремено не сообраќаат и возовите меѓу Берлин и Келн и меѓу Берлин и Амстердам, како и возовите што тргнаа од Данска.

Германскиот железнички оператор Дојче Бан соопшти дека саботажа ги предизвикала големи проблеми со железничката мрежа на север во државата, јави ДПА.

„Саботажа на кабли што беа од витално значење за железничкиот сообраќај значеше дека Дојче Бан мораше да ги запре возовите што сообраќаат на север утрово на речиси три часа“, соопшти операторот. Безбедносните власти ја презедоа истрагата, соопшти Дојче Бан.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.