Поранешната премиерка на Финска ужива на забави откако ја напушти функцијата и поднесе барање за развод

news
Advertisement

Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, во текот на викендот ја отфрлила службената облека и се одлучила за кратки фустани и здолништа.

Advertisement

Откако ја напушти највисоката државна функција и поднесе барање за развод, Сана очигледно ужива во летото. Таа ја покажала својата фигура во неколку провокативни парчиња облека на фестивалот „Flow“, тридневен музички настан во главниот град Хелсинки.

Најмладата светска лидерка споделила бројни фотографии на кои ужива во својот начин на живот без политика и како што го нарекла, „својот прв вистински летен одмор“ во последно време.

Марин исто така сподели и видеа на кои незабележливо се вклопува во толпа млади луѓе кои уживаат во музиката во живо, навидум несвесни дека нивниот поранешен лидер танцува меѓу нив.

„Летово за првпат по некое време имав вистински летен одмор“, напиша таа на Инстаграм.

Претходно, Сана Марин беше критикувана поради снимките од забавите на кои често одеше додека беше премиерка. На едно од видеата се гледа како Марин танцува во 4 часот наутро во клуб во Хелсинки, а постоеја и тврдења дека таа и нејзиното друштво консумираат дрога. Сана потоа беше тестирана за дрога и имаше негативни резултати.

Во мај оваа година се појави информација дека таа и нејзиниот сопруг Маркус Раиконен, кој е бизнисмен и поранешен професионален фудбалер, се разведуваат по 19 години брак. Парот се венчаше во 2020 година и има една ќерка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.