Послаб земјотрес регистриран во Лесковац, четври од почетокот на годината

news
Advertisement

Земјотрес со магнитуда од два степени по Рихтеровата скала го погоди денеска Лесковац што е четврди земјотрес на подрачјето на овој град во Србија од почетокот на годината.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Првиот земјотерс во Лесковац е регистриран на 9.јануари, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Вториот земјотрес, со јачина од 1,9 степени, следеше на 13. јануари, а на 17. јануари имаше потрес со јачина од 2,2 степени.
Земјотресите во тој распон се сметаат за поблаги потреси кои можат да ги занишаат објектите, но не се очекува материјална штета.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.