ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Во авионот кој се сруши имало многу повеќе од 67 патници, најголем дел од нив се од оваа националност

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Во авионот кој се сруши имало многу повеќе од 67 патници, најголем дел од нив се од оваа националност

news
Advertisement

Advertisement

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ во Казахстан. Се урнал за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија, откако испратил СОС сигнал за помош додека бил над Каспиското Море. Авионот потоа се упатил кон Казахстан, каде што пилотот планирал принудно да слета, но авионот се урнал во близина на аеродромот во градот Актау. Според прелиминарните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот, а локалните власти постојано ги менуваат бројките за бројот на преживеани патници. Според последните информации, можно е 25 лица да ја преживеале несреќата. Азербејџанската агенција АПА објави дека засега се верува дека инцидентот е предизвикан од судир на авион со јато птици, додека британската телевизија Скај њуз наведува дека авионот кој одел за Русија бил пренасочен кон Казахстан поради магла. Дејли мејл објави дека во авионот имало 105 патници и пет членови на екипажот. Најмалку 60 од пријавените патници биле Руси.

Advertisement