Потресно сведоштво за починатите мајка и ќерка Ивана и Кате: 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот

News

Јавноста попладнево беше шокирана од трагедија што се случи во комплексот „Алумина“ во скопската населба Тафталиџе. Според првичните информации, триесет и едногодишна мајка и нејзиното шестгодишно девојче паднале од шестиот кат на зграда на улица „Прашка“ во општина Карпош. Обете починале на лице место како последица на падот.

Случајот бил пријавен нешто по 14:00 часот, а во полицијата биле повикани итни службеници. Првично бил означен како самоубиство, но од Министерството за внатрешни работи потенцирале дека делото нема да биде конечна право-кривично квалификувано сè додека не заврши увидот и останатите постапки со Обвинителството, особено поради тоа што е вклучено и малолетно дете.

На местото на настанот, телевизиска екипа ги затекнала членовите на семејството на починатите, кои изјавиле дека девојчето било прваче и редовно посетувало училиште. Тие рекле дека во последниот период имало чести кавги помеѓу родителите, а свекрвата кусо изјавила дека станот бил во заедничка сопственост.

Повеќе од два часа улицата била затворена за сообраќај додека полициски службеници собирале материјални докази и земале изјави од очевидци, а сè уште траел увидот на местото на трагедијата. Од МВР и Обвинителството најавиле дека во текот на утрешниот ден ќе објават повеќе детали, вклучително и дали случајот ќе се квалификува како убиство или самоубиство.

На социјалните мрежи се појавило потресно сведоштво од блиска пријателка на семејството, која напишала:
„150 стана… не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше… Почивајте во мир, Ивана и Кате. Сите сме виновни во оваа приказна — и ние, и институциите. За жал, згаснавте два млади животи, а причината има име и презиме.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *