Почина дојенот на македонската анталогиска песна Анка Гиева

Почина дојенот на македонската анталогиска песна Анка Гиева

news
Advertisement

Почина дојенот на македонската анталогиска песна Анка Гиева

Advertisement

На 86 годишна возраст почина македонската пејачка на народна песна, Анка Гиева.

Анка е родена 1938 година во Скопје.

Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје.

Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Наѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, “Да сум бистра вода”, “Отвори ми бело Ленче” и други.

Во 2022 година доби „Орден за заслуги” на Република Македонија од претседателот Стево Пендаровски.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Advertisement