Почина еден од ранетите од престрелката во Приштина, меѓу ранетите има и деца

news
Advertisement

Кастриот Рамадани (39) им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 16 лица.

Advertisement

Докторот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега потврди дека се работи за 39-годишен маж.Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди“, изјави Ука.

Во престрелката што се случи синоќа во кафуле во центарот на Приштина повредени се 16 лица, од кои четворица од огнено оружје. Повредените се на возраст од 20 до 39 години.

Како што пишува Коха, меѓу повредените има и деца.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.