Почина славниот дизајнер Пако Рабан

news
Advertisement

Почина славниот моден дизајнер Пако Рабан, во 88-та гдина од својот живот.
Тој е основачот на истоимената луксузна модна куќа и важеше за футурист кој постави револуцонерни модни постулати.

Advertisement

Во светот на модата тој стана препознатлив по тоа што беше првиот дизајнер кој во создавањето на своите ремек дела искористи материјали како што се пластиката и металот, а кои до тогаш не беа вообичаени за модниот дизајн. На тој начин создаде футуристичка слика за жената која беше главна хероина во филмовите кои ги одбележаа 60-тите и 70-тите години.

Неговата револуционерност во поглед на креирање мода според констатацијата на Коко Шанел се гледа во фотографијата на светскиот фотограф Ричард Аведон кој ја сликаше манекенката Дониале Луна, во 1966 година која позира во костум направен од метални плочки „зашиен” со куки, дизајниран од Пако Рабан со цел да промовира нов правец во модната индустрија наречен „металуршка мода”.

Пако Рабан е роден во Сан Себастијан, Шпанија во февруари 1934 година. Уште многу млад се преселил во Париз, поточно во 1951 година за да студира архитектура на школата за применети уметности, завршувајќи ги студиите со брилијантни резултати. Преку неговата мајка која во тоа време била на чело на едно од продавниците на познатата модна куќа Баленсијага почнува да остварува контакт со светот на модата и на тој начин преку истражувања длабоко навлегува во мајсторските техники и тајни на занаетот.
Неговите првични креации се модели на модни додатоци кои ги изработува за брендот за кожа Роџер Модел, а потоа и за Чарлс Џордан. Тие предизвикуваат толку големо внимание, што големите модни куќи во тоа време како Диор, Кардин и Живанши, го бараат Рабан за свој соработник.

Жерар Пипар, кој од неодамна е дел од модното семејство на куќата Нина Ричи прочепка низ архивите на модната ризница на куќата што го инспирираше да се редизајнираат моделите со везови. Овој „експеримент” на Пипар всушност го оживува ДНК-то на Рабан кој во почетокот на 60-тите години за да создаде специфичен дизајн, на своите креации им вметнува копчиња дизајнирани од кожа, камен и пластика. Својата уникатност во дизајнот и начинот на работа како и техниките и материјали кои ги користи во процесот на изработката ќе кулминира со создавањето на накит и модни додатоци како обетки, телескопски очила за сонце наменети исклучиво за дамите кои се храбри, неконвенционални и урбани. Љубовта кон архитектурата, особено употребата на пластика и метални елементи е слеана во неговите модели кои без сомнение важат за едни од најдобрите. Идеален хармоничен склоп на уметности кои резултираат со вистински моден луксуз.

Голем дел од моделите се изработени од таканаречен материјал родоид. Станува збор за збир од специјални пластични дискови кои ја градат композицијата и структурата наликува на заштитните железни мрежести блузи што витезите ги носеле во борби за да го заштитат телото од убоди.
Меѓутоа да се биде единствен и поинаков не беше лесно за Пако Рабан. Најголемиот дел од париските продавници почнаа да ги осудуваат креациите на дизајнерот, најмногу поради неговата неконвенционалност и специфичност. Ваквите„критики” беа позитивен стимул за Рабан кои кулминираа со отворање на неговото прво ателје на Rue Du Caire. Во 1962 година тој ја претстави својата прва колекција „12 тотално неносливи фустани изработени од иновативни материјали”, како што се пластика, метал и мрежа. Храбра колекција инспирирана од авангардните музички акорди од тоа време и колоритни материјали врз кои успешно ја имплементира техниката на користење метал, пластика и мрежа.

Неговите модни начела и принципи извршиле големо влијание врз уметниците од тоа време како што е случајот со Ирис Клерт која во рамките на својата изложба прикажа и модел на бел мантил изработен од пердуви од ној со вградени транспарентни самолепливи ленти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.