ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ Кралот на ромската музика ќе биде погребан во Штип

news
Advertisement

Почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов на 72 години, објавија неговите блиски на социјалните мрежи.

Advertisement

Мустафов доживеа мозочен удар минатиот месец, а оттогаш во тешка критична состоба беше сместен во Градската болница „8 Септември“. Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско музичко семејство. Својата кариера ја почнал од мали нозе, а познат беше по својата виртуозност на кларинет и саксофон, со кои кој зад себе остави богата кариера и бројни настапи. Се смета за легенда на македонската музичка сцена, човек кој свиреше со љубов и од душа, а неговите изведби и настапи долго ќе се паметат.

По негова желба Мустафов ќе биде погребан во Штип , каде со семејството ги помина последните години од својот живот .

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.