Почина хумористот Војче Китаноски

news
Advertisement

Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и имитации…

Advertisement

Почина легендарниот македонски хуморист Војче Китаноски, јавуваат повеќе медиуми. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми први ја објавиле неговите пријатели и познати личности.

Војче Китаноски пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации и за себе велеше дека е првиот стенд ап – комичар во поранешна Југославија.

Роден е 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители и имал лиценца за туристички водич.

Од 1985 до 1991 година соработувал со легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ и гостувал на стотици негови концерти на просторите на некогашна Југославија. По игра на случајноста, во 1983 година во Штип, менаџерот на Мики Јевремовиќ го ангажирал да гостува на сите десетина концерти на познатиот пејач во Македонија, што за него била голема отскочна штица. Подоцна Јевремовиќ го ангажирал да го придружува и на концерти низ поранешна Југославија и на некој од нив го забележал менаџерот на Тома Здравковиќ.

Китановски секогаш истакнуваше дека само хуморот е најдобра вакцина и спас од вирусот.

На Денот на независноста 8 Септември во 2017, тој пред Влада ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.

Тој е автор на книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.