Почина 47-годишната жена што беше повредена во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија

news
Advertisement

Од ОЈО Кавадарци информираат дека по извршениот увид ќе биде наредено сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за несреќата. Наредена е и обдукција на телото на жената која била сама во автомобилот
Четириесет и седумгодишната жена која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа во тунелот кај Демир Капија им подлегнала на повредите, потврдиле за МИА од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Advertisement

Превртеното возило во тунелот кај Демир Капија на автопатот А1/Фото: МИА
Оттаму велат дека по извршениот увид на местото ќе биде наредено сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

„Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот“,

велат од Обвинителството.
Претходно, од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека сообраќајната несреќа се случила во 08:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Според полицијата, автомобилот марка „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната Т.П.П., изгубил контрола и излетал од патот.

Поради несреќата сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино утрово беше во прекин.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.