Почнаа да се отстрануваат блокадите од патиштата кои водат до граничните пунктови во Јариње и Берњак, кои вчера ги воспоставија локалните Срби кои се противат на одлуките на Владата на Косово за српските регистарски таблички и документи.
Од РЕЛ известуваат дека во селото Рударе започнало влечење возила кои биле поставени како барикади на патот.
Оваа акција доаѓа откако Владата на Косово одлучи да ги одложи мерките за реципроцитет со Србија за прашањето на регистарските таблички и личните карти.
Барањето за одложување на одлуката го даде американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер.
По конференцијата на американскиот амбасадор, Владата на Косово соопшти дека ги суспендирала одлуките за реципроцитет на еден месец, 1 септември 2022 година, под услов да се отстранат барикадите поставени на граничните точки.