ПО ОДЛУКИТЕ НА АПЕЛАЦИЈА, ЗАЕВ ПРАШУВА Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?

news
Advertisement

Експремиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил реагира на одлуката на Апелацискиот суд да го врати на повторно судење предметот „Таргет-Тврдина“. Тој вели дека стотици илјади граѓани со години се бореле да ги урнат алчните арамии од режимот и успеале, а сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку „Шарената револуција“. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден – пишува Заев во објавата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.