ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ГРАДОВИ БИТОЛА БЛЕСНА СО МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ СПЕКТАКЛ

news
Advertisement

Филмски амбиент на една од фасадите на Офицерскиот дом, 3D мапинг по пример на светските метрополи за вакви празници, музикаткомпонирана специјално за овој проект, професионални актери, аматери актери, танчери и статисти, измешани со празничните мириси на цимет од новогодишните куќарки поставени околу сцената се само некои од карактеристиките во кои битолчани уживаа на прикажувањето.

Advertisement

Мултимедијалниот спектакл кој Зимска приказна го подготвуваше подолг период беше изненадување за сите кои ја сакаат магијата на празниците. Инспирирани од “Снежната кралица” на големиот Ханс Христијан Андерсен еден врвен креативен тим воден од сценографот Валентин Светозарев подготвија неверојатно визуелно уживање за кое долго ќе се зборува .

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Хари Михајловски, Огнен Дранговски, Петар Спировски, Марија Стефановска, Николче Пројчевски, Соња Михајлова, Дедо Мраз .

Концептот и режијата се на Јулијана Мирчевска, музиката на Миодраг Неќак, костимите на Благој Мицевски, шминка Стефанија Стојчевска.

Во улогата на снегулки се :Давид Балтовски, Веда Мавровска, Софија Наумовска, Христина Дабеска, Ана Анѓелевска, Емилија Дабеска, Ангела Пачовска, Викторија Талевска, Сара Чуруковска, Војдан Мавровски , Андреа Каранфиловска Јована Станковска, Анастасија Иваноска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.