ПО УБИСТВОТО НА ВАЊА ОБЈАВИЛ ПОЛИТИЧКИ ПОРАКИ: Главниот осомничен активен на социјалните мрежи и по исчезнувањето на девојчето

news
Advertisement

На први декември, кога, како што се претпоставува, избегал од Македонија, Љупчо Палевски, еден од осомничените за убиството на Вања Горчевска (14), ја објави својата последна објава на Фејсбук, каде беше многу активен.

Advertisement

Додека целата јавност во земјава, но и целиот Балкан го бараше исчезнатото девојче, а на социјалните мрежи се споделуваше апел за помош во нејзиното пронаоѓање, осомничениот Палевски секојдневно објавуваше политички пораки со националистичка и антизападна содржина, пишува српски „Новости“. Неговата последна објава беше во петок, 1 декември во 13:51 часот.

Тој во петокот, кога завршуваше самитот на ОБСЕ во Скопје, на Фејсбук објави шест постови.

На 29 ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, осомничениот објави видео обраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и неколку други политички објави.

Само ден по убиството на девојчето одржа час и половина говор во кој зборуваше за перење пари во Македонија. Истиот ден објавува видеодебата од 2,5 часа. Има и неколку други политички постови.

На денот кога Вања беше киднапирана и убиена, тој не објави ништо на Фејсбук.

На 22 ноември кога исчезна убиениот Панче Жежовски од Велес, Палевски имаше неколку политички објави на својата Фејсбук страница.

Во ниту еден момент не ги спомна исчезнатите по кои трага цела Македонија.

Наместо апели, тој ги објави своите политички ставови, но и ставовите на неговото политичко движење „Десна“. Со ова движење се поврзани и останатите осомничени за убиството на 14-годишната Вања Горчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

По еднонеделна потрага, Обвинителството во неделата соопшти дека е пронајдено безживотно тело на девојка, но и на 74-годишен маж. И двајцата беа убиени.

За убиствата осомничени се пет лица, а се сомнева дека Палевски побегнал од државата. Тој е поранешен градежен претприемач, а сега политички активист од Скопје.

Извор. https://www.faktor.mk/po-ubistvoto-na-vanja-objavil-politichki-poraki-glavniot-osomnichen-aktiven-na-socijalnite-mrezi-i-po-ischeznuvanjeto-na-devojcheto?fbclid=IwAR1dNoj25v2f89FIE_3BMzHVFzpXe__nhfq4GnQMgSu5HSC8fPWahsElcX4

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.