По 36 години пауза, Денеска повторно тргна возот битола-жабени

news
Advertisement

Со петнаесетина патници, главно сегашни и поранешни вработени во Македонски железници, тргна првиот воз од Битола за Жабени, кој сепак нема да вози до Грција, иако тоа беше првата замисла кога пред четири години се обнови пругата кон грчката граница.

Advertisement

Секој ден во 10:30 часот ќе има воз за Жабени, село во близина на границата, каде што е сместена и индустриската зона. Денеска возењето беше бесплатно, инаку билет во еден правец ќе чини 43, а повратен 68 денари. Меѓу патниците кои го испробаа возењето за Жабени по новата пруга беа и пензионери од Македонски железници.

„Сакавме да направиме сефте со првиот воз за Жабени. Да видиме како се изградени пругата и станицата таму“, рече Славица Толевска, поранешна вработена во Македонски железници.

Возењето во еден правец ќе трае девет минути, а возот од Жабени тргнува во 11 часот.

Оваа железничка делница е ставена во функција по 36 години. Проектот за нејзино обновување беше едно од големите ветувања на власта на ВМРО-ДПМНЕ, но тогашниот бугарски конзорциум не ја изгради пругата, ги проби роковите, а подизведувачите ги остави со празни џебови. Проектот за обнова на пругата чинеше 17,2 милиони евра, од кои шест милиони беа обезбедени од ИПА средствата, а 11 милиони евра од буџетот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.