По 58 дена на ГАК: Малиот борец Тони си замина дома во Кочани

news
Advertisement

ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје информира дека по 58 дена на Клиника, малиот Тони од Кочани си замина дома.

Advertisement

„И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје.
Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1100 грама. На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1840 грама првпат влезе во својот дом. Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје. Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете“, велат од таму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.