ПО 63 ГОДИНИ, ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ПОЛЕТАА ПОШТЕНСКИТЕ АВИОНИ, ГЕРМАНЦИТЕ ОТСЕГА ПОДОЛГО ЌЕ ЧЕКААТ ПИСМА

news
Advertisement

Последните авиони кои испорачуваат писма и пратки низ Германија полетаа денеска откако „Дојче пост“ одлучи да ја укине оваа услуга по 63 години.

Advertisement

Укинувањето на воздушниот поштенски транспорт со цел да се намалат трошоците и штетните емисии доаѓа откако германската влада ги ублажи правилата што го регулираат времето на испорака, што значи дека граѓаните сега ќе треба подолго да ги чекаат своите писма и пратки.

Последниот авион со домашна пошта утрово леташе од Берлин до Штутгарт, а претходно вакви авиони полетаа и од Хановер, Минхен и Штутгарт, превезувајќи вкупно 1,5 милиони писма тешки 53 метрички тони.

Законот за германска пошта налагаше најмалку 80% испратени писма да се испорачаат следниот работен ден, односно 95% по два дена, со што авионскиот поштенски превоз беше од суштинско значење. Од „Дојче пост“ кажаа дека испорачувањето на пошта по копнен пат ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 80% по писмо.

Ноќните летови за транспорт на пошта почнаа во 1961 и „Дојче пост“ продолжи да ја користи оваа услуга иако во изминатите години значително се намали бројот на испратени писма откако луѓето се префрлија на онлајн комуникаци

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.