8Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, 100 пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од по 6.000 денари, информира градоначалникот Иван Јорданов преку објава на социјалните мрежи.
Како што наведува, средствата се обезбедени преку Програмата за социјална заштита за 2025 година, а помошта се однесува на пензионери кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Целта на мерката, според објавата, е да се олесни финансиската состојба на најранливите пензионери токму во периодот на празниците и да се даде директна поддршка на оние што најмногу им треба.