Пратеникот Петрушевски осуден за клевета за став искажан од собраниската говорница

news
Advertisement

За прв пат во Македонија, пратеник одговара за искажан збор во Собранието на државата. Пратеникот Бране Петрушевски треба да плати 150 000 денари, оти на неговото работно место, Собранието, каде што пратениците си ги кажуваат своите ставови, изразуваат сомнежи, кажал нешто кое го повредило негвиот колега Мартин Костовски од редовите на СДСМ, кој воедно и го тужеше Петрушевски.

Advertisement

Спорот се водел во основниот суд Куманово, каде судијата пресудил во корист на Костовски.

Адвокатот на Петрушевски, Панче Тошковски за Алфа вели дека оваа пресуда е срам за судството во Македонија. Особено заради тоа што Уставот и законите ги штитат пратениците за своите искажани ставови внатре со Собранието, а судот како што вели тој очигледно не го зел тоа предвид.

Оваа пресуда е прва пресуда во РМ, каде што судот констатира дека пратеник може да одговара за искажано мислење, збор, во рамки на неговото работење во Собранието. Оваа пресуда е спротивна на одредбите на Уставот на РМ, со кои се дефинира дека пратениците уживаат материјален имунитет за искажано мислење. Оваа пресуда е спторивна на сите пресуди кои досега сум ги разгледувал, а кои се донесени од страна на ЕСЧП и се во контекст на уживање на имунитет на народните избраници во рамки на парламентите во рамки на ЕУ. Оваа пресуда е спротивна на духот на демократијата, вели Панче Тошковски – адвокат на тужениот.

Вели дека имаат право на жалба и тоа ќе го искористат. Токму за пресудата, изјава за Алфа даде и Петрушевки кој вели дека според Уставот, член 64 пратеникот ужива имунитет за ставовите во собанието, оти тоа е заштитна алатка за пратениците слободно ги кажат своите мислења. Посочува дека Уставот и законите ги содржат овие правила.

Доколку јас не можам од говорница да го искажам своето мислење, да ги искажам своите дилеми, а и да кажам за одредени сомненија за сторени кириминали во РМ, тогаш ние влегуваме во еден тоталитарен режим каде што опозицијата треба да биде тотално замолчена и цело време да се занимава со судски процеси. Дека постои сериозна спрега меѓу власта и судството, не е некоја новост, тоа се утврдува со сите релевантни извешти, мегународни, домашни, а и со последниот извештај на ЕК, вели за Алфа, Бране Петрушевски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тужителот, односно Костовски не даде конкретна изјава за Алфа, зошто го тужел неговиот колега за искажан збор во парламентот, само не насочи одговорот да го најдеме во неговиот фејсбук статус.

Во неколку наврати ме навредуваше и изнесуваше невистини и клевети за мене, како негов колега и мора да признам дека ме повреди многу. Политиката не е средство меѓусебно да се повредуваме, туку напротив за мене политиката е можност да го дадеш најдоброто од себе за државата и народот !, напиша Костовски на facebook.

Според Костовски, Петрушевски не бил осуден затоа што е пратеник на опозиција и за да се замолчи, туку затоа што зборувал невистини.

Извор: https://alfa.mk/pratenikot-petrushevski-osuden-za-kleveta-za-stav-iskazhan-od-sobraniskata-govornicza/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=pratenikot-petrushevski-osuden-za-kleveta-za-stav-iskazhan-od-sobraniskata-govornicza

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.