Првата антикорупционерка има резервирано мислење за Ислам Абази: Сликата за него не е поволна

news
Advertisement

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, денеска на новинарско прашање изрази резервираност за новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминасл, Ислам Абази, кој пред два дена беше изгласан од обвинителите за нов предводник на местото на Вилма Русковска.

Advertisement

– Да му дадеме простор во работата на човекот, меѓутоа сликата досега не е поволна. Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека навистина има интегритет и енергија да се избори со корупцијата и со предметите, искоментира првиот човек на „Антикорупциска“.
Ивановска рече дека не е задоволна и од критериумите по кои се избира шефот на обвинителството за организиран криминал и корупција и ќе се работи од страна на ДКСК во насока на нивно подобрување.

– Тоа обвинителство е пандан на поранешното СЈО и таму треба да се спроведат сите премдети кои се однесуваат на висока корупција, да нема забошотување. Навистина, треба една нова енергија која ќе биде одлучна, рече првата антикорупционерка.

Абази вчера вети борба против организираниот криминал и корупција и рече дека искуството го црпе од повеќе програми, проекти и работни групи во кои учествувал.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.