„Првата дама не била сопруга на претседател“: Еве дали Македонија во моментот, формално има прва дама

„Првата дама не била сопруга на претседател“: Еве дали Македонија во моментот, формално има прва дама

news
Advertisement

„Првата дама не била сопруга на претседател“: Еве дали Македонија во моментот, формално има прва дама

Advertisement

Иако денес ги нарекуваме „први дами“ сопругите на претседателите, малкумина знаат дека првата жена што го носела овој назив не била сопруга на шефот на државата.

Тоа била Хариејт Лејн – сестричка на 15. американски претседател, Џејмс Бјукенан, кој останал неженет.

Хариејт останала без родители на млада возраст и побарала нејзин старател да биде вујко ѝ Бјукенан. 

Википедиа

Тој ја школувал и ја вовел во високото друштво. Кога станал претседател (1857–1861), таа ја презела улогата на домаќинка во Белата куќа, одржувала свечени вечери, уметнички собири и се залагала за правата на домородното население.

Била модна икона на своето време – жените ги копирале нејзините фризури и стил, а по неа биле нарекувани деца, бродови и дури и претседателската јахта.

По мандатот на нејзиниот вујко, се омажила на 36 години и добила два сина, но за жал, го загубила и сопругот и децата. Починала во 1903 година, а со нејзиното наследство била изградена училиштето „Сент Олбанс“ во Вашингтон – една од најпрестижните школи во САД.

Хариејт Лејн останува запаметена како првата вистинска прва дама на Америка – влијателна, елегантна и хумана.

Македонија во моментот ја има првата жена претседател, па затоа титулата „првата дама“ во наредниот период останува без формален носител. 

Фото: EPPA

Advertisement